Соопштение вечерва од новото раководство на Шкупи. Во него се вели дека за утрешниот дерби меч со Силекс, кој се игра на Чаир во рамките на 15.коло во ПМФЛ од 13 часот, велзот ќе биде бесплатен, но само за старата трибина каде обично фановите на клубот, “Шверцерите“. Додека на новата трибина ќе бидат и новите сопственици на клубот.
Ова се прави и поради прославата на 35 години – “Шверцери“.
Исто така вратите на стадионот на Чаир ќе се отворат и за дуелот со Струга ТЛ во рамките на 17.коло, кога Шкупи повторно ќе биде домаќин.