Норис крена „бело знаме“: Титулата ја загубивме во првите шест трки

103

Возачот на Мекларен, Ландо Норис го призна поразот во борбата за титулата во сезоната 2024 година. Пилотот на Мекларен ги сумираше резултатите од квалификациите за Големата награда на Лас Вегас, истакнувајќи дека ќе се бори до самиот крај. Но, во исто време, тој е свесен дека овогодинешната шампионска титула речиси сигурно ќе му припадне на Верстапен.

На стартот на утрешната трка Норис ќе биде на 6-та позиција, додека Верстапен ќе стартува 5-ти.

„Дали Макс победи или загуби утре нема да промени ништо за мене. Макс речиси сигурно ќе го освои шампионатот, а јас сум тука да се претставам што е можно подобро на секоја трка. И не е важно дали ќе се најдеме пред Макс или зад. Тоа е животот. Мислам дека утре имаме шанса да го победиме Верстапен. Битката за титулата беше изгубена во првите шест трки од оваа сезона. Макс доминираше во овој период, Ред Бул имаше преголемо водство во поени и секогаш е тешко да се врати такво водство“, смета Норис.

ПретходноЛампард денеска ќе биде промовиран во Ковентри
СледноДалас останува без Дончиќ на следните четири натпревари