Некогашниот кошаркар на Партизан, Реал (М) и НБА тимот Детроит Пистонс, Ратко Варда е приведен во Белград поради сомнение за семејно насилство, јавуваат српските медиуми.
Варда наводно психички и физички ја малтретирал сопругата И.П.(43), а потоа од заедничкиот стан ги избркал нивните две малолетни деца.
Полицијата брзо интервенирала, а на поранешниот спортист му било наредено да се воздржи од приближување кон жртвите.
Варда во својата богата кариера настапуваше за клубови како Партизан, Реал Мадрид, Детроит, Бешикташ, Жалгирис, Махрам Техеран, Олимпија, Мега, Сутјеска, Раднички Крагуевац итн.