Попладнево се одиграа сите осум средби од 13.коло во ВМФЛ. Дербито се играше во Струмица каде силите ги одмерија Беласица и Брегалница. Со голот на Ивановски во 33.минута, гостите од Штип освоија екстра значајни три бода во битката за врвот на табелата, со оваа победа Брегалница и натаму е втора, место кое гарантира пласман во ПМФЛ.
Лидерот, тимот на Македонија ЃП на свој терен со 5:0 го победи Вардар (Н) и со тоа покажа кој е кој во моментов.
Интересно беше во Охрид, каде истоимениот тим беше надигран од Детонит и поразен убедливо со 1:3.
Арсими и Башкими како домаќини славеа со идентични 1:0 против Борец и Кожув и со по тие три бода и натаму се при врвот на табелата.
Скопје со двата гола во финишот на средбата во Прилеп, успеа да слави со 0:2 кај Победа.
РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (Н) 5:0
АРСИМИ – БОРЕЦ 1:0
БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА 0:1
ОХРИД – ДЕТОНИТ 1:3
БАШКИМИ – КОЖУВ 1:0
ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0:2
НОВАЦИ – ОСОГОВО 5:0
САСА – ВАРДАРСКИ 5:1
ТАБЕЛА
Македонија 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Саса 21, Детонит 21, Охрид 21…