Давид Бабунски гостин на Манчестер Сити (ВИДЕО)

220

Голема, огромна чест приредена за македонскиот репрезентативед Давид Бабунски од страна на Премиерлигашкиот гигант, Манчестер Сити. Во рамките од тековното коло во Премиер лигата, Сити го пречекува Тотенхем денеска од 18:30 часот, а како специјален гостин на клубот е поканет ни помалку ни повеќе туку Давид Бабунски.

Причината е фактот што Бабунски во досегашната кариера има соработувано со двајцата менаџери. И на Сити и на Тотенхем.

Со Пеп Гвардиола беше заедно во Барселона на стартот на неговата кариера, а со Енџи Постетоглу во периодот кога беше дел од јапонската Јокохама.

„Вистинска привилегија и задоволство е да се биде тука. На покана на медиа тимот на Сити, направив едно мини интервју во кое се осврнав на периодот го минав во Барселона под водство на Пеп Гвадиола како и во Јокохама под водство на Постетоглу. Начинот на тренинзи, нивната фудбалска филозофија, како и она што го научив од нив беше тема на разговорот“ – ни изјави Бабунски за Спортспорт.

Ова не се случува секојден, да еден македонски репрезентативец, кој патем во моментов е член на тимот на Данди јунајтед, да биде гостин на еден од најголемите клубови во светот во моментов и многукратен шампион во Премиер лигата периодов.

 

ПретходноПол позицијата во САД за Расел
СледноХаланд за серијата порази: Ситуацијата не е толку лоша, не сме испаднати