Уф, каков Тотенхем? Ова е страшен Тотенхем. Манчестер Сити – Тотенхем 0:4 во еден историски меч, се разбира за Пеп Гвардиола. Ова беше петти пораз во низа на каталонскиот стратег, трет во ПЛ, нешто што досега во кариерата му се случува за првпат.
А сега за победниците. “Македонецот“ Кулушевски иако не постигна гол сепак “царуваше“ на “Етихад“, како ли само одигра на овој меч, покажа дека е играч од највисоко ниво.
Стрелци на головите беа Медиосн два, Поро и Џонсон.
Со оваа победа Тотенхем сега е шести на табелата со 19 бода, а Сити е во минус пет бода од лидерот Ливерпул и меч повеќе.
Се чини дека оваа сезона, иако Пеп веќе потпиша нов договор, Сити нема што да бара во битката за титулата во Премиерлигата.
Каков Тотенхем? Страшен Тотенхем!