Некогашен фудбалер на Галатасарај е новиот газда на Беласица!

1498

Еврен Турхан, некогашен фудбалер на Галатасарај се чини дека е новиот газда или сопственик на Беласица, на еден од нашите најпознати фудбалски брендови.

Како што велат нашите информации, делегација од Турција, на чело со Турхан денеска е во Струмица, преговорите вродиле со плод, потпишан е и договорот.

Секако дека ова е добра вест за сите фанови на Беласица, кој веќе со години наназад никако не успева да се врати во нашата фудбалска елита.No description available.

Инаку како што дознаваме, претходно Турците се интересирале и за Тиквеш, па дури и за Шкендија за тоа како би можеле да остварат соработка или пак да бидат спонзори, сепак на крајот се одлучиле за Беласица.

ПретходноКрај на „црната серија“: Арсенал убедлив против „шумарите“
СледноПелистер покажа сила против Тиквеш