Во првиот денешен меч од 12. коло на Суперлигата, екипата на Охрид прилично лесно и убедливо славеше на домашен терен против екипата на Радовиш со 43:21. Домашните во мечот влегоа со два последователни порази на минатите дуели со Вардар и Алкалоид, па победата на овој дуел беше неопходна за да се вратат на победнички патеки.
Охрид уште во првиот дел потврди дека е класа над противникот, па на пауза замина со предност од 19:8. Во вториот дел Охрид прилично брзо успеа да дојде и до предност од високи 15 гола разлика (26:11), па потоа само рутниски се обидуваше да ја задржи и надогради разликата.
Костов и Шипинковски со по 7 постигнати гола беа најефикасни кај охриѓани.