Почнува втората рунда во Супер-лигата: Перфектниот Алкалоид пред нов голем предизвик!

80

Битката во машката Супер-лига продолжува денеска. На програмата е 12. коло, а само еден тим остана перфектен. Алкалоид го доби дерби дуелот со ГРК Охрид во минатото коло и има 11 победи во исто толку одиграни мечеви.

Избраниците на Кирил Лазаров ги чека уште еден тежок меч, а тоа е против Вардар 1961 на гостински терен во недела. Првата средба и тоа на отварање на сезоната им припадна на ракометарите на Алкалоид.

За денеска се закажани пет средби, а први кои ќе одиграат се екипите на ГРК Охрид и Радовиш. По поразот на домашен терен, избраниците на Стевче Алушовски ќе бараат рехабилитација против Радовиш.

На останатите мечеви: Пелистер е домаќин на Тиквеш, Куманово на Бутел Скопје, додека пак се очекува интересна пресметка меѓу Бисинов и Струга, како и Пролет и Прилеп.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 12
23.11.2024 – САБОТА
15:00 часот ГРК ОХРИД – РК РАДОВИШ
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ТИКВЕШ 2014
18:00 часот МРК КУМАНОВО – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК СТРУГА
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ПРИЛЕП
24.11.2024 – НЕДЕЛА
19:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД
ПретходноХаланд за серијата порази: Ситуацијата не е толку лоша, не сме испаднати
СледноВезенков ја напушта Бугарија и ќе игра за Кипар!?