Халанд за серијата порази: Ситуацијата не е толку лоша, не сме испаднати

43

Ерлинг Халанд упати сосема смирувачки тонови во јавноста по повод лошата серија на резултати на клубот. Норвежанецот вели дена нема простор за паника напротив, има уште многу да се игра сезонава.

 

Да, загубивме четири натпревари по ред. Тоа не е нормално за клуб како нашиот. Боли, сигурно боли. Нашата мотивација сега е уште поголема да го добиеме натпреварот и да започнеме уште една серија“, изјави Халанд за Sky Sports.

„Мислам дека паузата беше добра за сите. Да одат во нивните репрезентации и да се рестартираат малку. Загубивме четири натпревари по ред, но колку е лошо? Не е толку лоша ситуација. Ние не сме испаднати. Сè уште сме на второто место, ни остануваат уште многу натпревари“, додаде тој.

„Ако почнам да размислувам за последните четири натпревари, нема да биде добро. Токму тоа не сакав да го правам. Отидов во репрезентацијата и добивме два натпревари. Станува збор за останување во сегашниот момент и гледање напред. Мора да останете смирени, да се концентрирате на она што зависи од вас. Ако ја погледнете сезоната на тројната круна, мислам дека изгледавме полошо во одреден период“, изјави Норвежанецот.

ПретходноДавид Бабунски гостин на Манчестер Сити (ВИДЕО)
СледноПочнува втората рунда во Супер-лигата: Перфектниот Алкалоид пред нов голем предизвик!