Шифрин на чекор до 100-тата победа, сензација на Албанката Колтури

91

Легендарната американска скијачка Микаела Шифрин не попушта. Во австрискиот скијачки центар Гургл денеска таа ја постигна 99. победа во Светскиот куп. Второто место го освои 18-годишната Албанка Лара Колтури (+0,55), а третото Швајцарката Камил Раст (+0,57).

Микаела Шифрин водеше и по првото возење, а импресионираше 18-годишната натпреварувачка од Албанија, Лара Колтури (+0,55), која со второто место го освои првиот подиум во Светскиот куп. По првото возење таа беше четврта.

По полошите финални возења на Швајцарката Венди Холденер, која заостана само 13 стотинки зад Американката и Австријката Катрин Лиенсбергер, третото место го освои Камил Раст (+0,57).

ПретходноЧелзи им се врати на победите, триумф на гостувањето кај Лестер
СледноДимитријевиќ пред реваншот со Литванија: Поразот нè не обесхрабрува!