Бајката на Аморим траеше само две минути, Ипсвич остана непоразен

75

Португалскиот стратег Рубен Аморим неуспешно дебитираше на клупата на „црвените ѓаволи“ откако вечерва на гостувањето кај Ипсвич одигра само 1:1. Мечот покажа дека пред него е голема работа за суштински да ја промени физиономијата на тимот.

Мечот започна како бајка за Јунајтед. Гостите поведоа по само две минути со голот на Марукс Рашфорд, кој искористи одличен продор и уште подобар центаршут на Амадо Диало од десната страна.

Од тој момент, како да се врати стариот Јунајтед кој се мачеше по теренот. Ипсвич го искористи тоа, ја презеде иницијативата и со еден прекрасен гол на Омари Хачинсон израмни на 1:1 во последните минути од полувремето.

Домашната екипа беше поблиску до победа во вториот дел. Ипсвич создаде неколку солидни шанси за триумф, но расположениот Онана не дозволи изненадување.

Ипсвич моментално е 18. на табелата со девет бодови, додека Јунајтед е на 12. позиција и има 16 бодови.

ПретходноЌамили повторно погоди, Сондерјиске извади реми со Брондби
СледноЛукаку за победа на Наполи, Раниери се врати со пораз (ВИДЕО)