Градот е различен, но спомените се исти: Можеме ли до ново чудо?

190

СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева

Кога ќе се спомене Литванија, прво нешто што ни паѓа на памет е Европското првенство во 2011 година. Македонија во оваа земја го освои историското четвртто место, а на сметка на домаќинот дојде до полуфиналето.

Овие спомени денеска после 13 години повторно се разбудија. Можеби сме во Клаипеда, град оддалечен на 200 километри од Каунас местото каде Македонија испиша историја, но сепак сме во земјата која за нас ќе остане запишана во историјата.

Денеска на денот на нова пресметка меѓу Литванија и Македонија, овој пат во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година до нашата редакција стигнаа фотографии од најверниот фан на македонските национални тимови – Кипре.

Тој направил фотографија за спомен од крајниот резултат на мечот меѓу Македонија и Литванија (67-65), а по завршувањето на истиот се сликал со дел од кошаркарите.

На фотографијата се браќата близнаци Војдан и Дамјан, кои се уште го носат репрезентативниот дрес, а тука се Перо Антиќ, кој е прв човек на кошаркарската федерација и Ѓорѓи Чековски, кој е дел од националниот тим, поточно тим-менаџер. Од екс-репрезентативците уште се и Марко Симоновски и Дарко Соколов.

Македонија секогаш верува во чуда, зошто да не биде така и вечерва. Победа ќе значи враќање на шансите за пласман на ЕП 2025 година, а Македонија во Литванија повторно ќе остане непоразена.

Мечот е закажан со почеток во 18:30 часот по македонско време.

ПретходноВерстапен: “Никогаш не сум помислувал дека можам да бидам четирикратен светски шампион“!
СледноНа “Етихад“ одржан кризен состанок, еве што е одлучено!