Емоции: Чоло на сред интервју заплака и си замина! (ВИДЕО)

231

Крајно емотивен настап имаше Диего Чоло Симеоне, стратегот на Атлетико Мадрид, веднаш по вчерашната победа над Алавес и тоа по пресврт и тоа со 2:1. Ова за него беше 700-тиот меч како тренер на “јорганџиите“ и 300-та победа во Ла Лига со Атлетико. Уште повеќе играч на мечот беше неговиот син Џулиано, и кога по се ова Аргентинецот даваше интервју тој се расплака и не можеше да го продолжи истото, и си замина.

Ова се чисти емоции.

Инаку Чоло е тренер на Атлетико Мадрид од 2011 година. Тој во овој изминат период на “јорганџиите“ им донесе две титули во Ла Лига и имаше две финалиња во Лигата на Шампионите.

ПретходноДон Карло се спасил од отказ, Реал веќе имал договор со новиот тренер!
СледноМашике и Додев за лидерска „поделба“ на Гостивар и Силекс (ВИДЕО)