Пораз во Литванија: Бајката траеше додека траеше и Нено

423

СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева


Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до посакуваното изнеандување во Клаипеда, беше поразена од Литванија и на вториот меч со 94-72 во рамките на 4-то квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2025 година. Избраниците на Александар Јончевски одиграа одличен меч се држеа до почетокот на последната четвртина, во која Ненад Димитријевиќ го заврши мечот порано поради повреда, до овој момент имаше 43 поени.

И порај третиот пораз, најважно од се е дека европскиот сон не згасна, во февруарскиот прозорец останува да ја победат Естонија над пет разлика, а потоа и Полска.

Одлично прво полувреме за Македонија под водство на Ненад Димитријевиќ и неговите 28 поени, нашите кошаркари одиграа еден поинаков меч, различен од Скопје. Овој пат Литванија и покрај обидот со груба игра да ја дестабилизира нашата игра, црвено-жолтите“ имаа одговор преку нашиот најдобар кошаркар.

Добрата игра и во одбрана, и во напад донесе серија од 8-0 (пет поени на Нено и три на Стојан Ѓуроски), а Македонија поведе со 6-11 во петтата минута. Нашите кошаркари не застанаа тука, повторно под диригентската палка на Димитријевиќ и негови нови четири поени, поведоа со 17-23 во осмата минута, беше и 19-25 и 21-27. По првата четвртина заврши со 23-27.

Литванија на стартот на вториот период со пет поени во низа го врати водството (28-27), Јончевски повика тајм-аут. Истиот вроди плод зошто Македонија одигра одлични минути без Димитријевиќ на теренот, кој мораше да добие минута одмор, целиот товар беше врз него. Со серија од шест поени (4 на Стајиќ и два на Крстевски) во 14-та минута на семафорот стоеја 30-36. „Црвено-жолтите“ не искористивме неколку напади, па на другата страна домаќинот дојде на минус еден 35-36. Нено врати со четири поени во низа за 35-40, но Литванија повторно изедначи (40-40). Но, тука беше Димитријевиќ кој решеташе, имаше одговор за секоја игра на противникот зголеми на 40-43, па на 41-46. На одморот резултатот е 43-46.

По одморот, Литванците отворија со 9-2 за 52:48 во 23 минута, ги казнија нереализираните напади. Јончевски повика тајм-аут, одговоривме со два поени за 54-50. Димитријевиќ постигна важна тројка за 54-53, а потоа и за израмнување 60-60. Судиите и овој пат имаа сомнителни одлуки секако во корист на Литванците, едноставно ги туркаа напред по секој пад. На стартот на последната четвртина, Македонија имаше негатива од 64-62.

Литванија влезе моќно во решавачките десет минути, отвори со 10-3 и поведе со двоцифрени 75-65 после четири минути игра, единствените поени за Македонија ги постигна Димитријевиќ. Физичката надмоќност на противникот дојде до израз. Јончевски повика тајм-аут. Димитријевиќ реализираше за 75-67 и остана да лежи на теренот, падна на доскок. До овој момент имаше 43 поени. Ова беше олеснување за противникот, кој зеде сила и со серија на поени поведе со 85-67 во 36-та минута, нападот во нашите редови не функционираше како што треба. Разликата расетеше и веќе беше познато дека овој меч ќе заврши во корист на Литванија.

ПретходноЛукаку за победа на Наполи, Раниери се врати со пораз (ВИДЕО)
СледноРеал се убедлив триумф на гостувањето кај Леганес (ВИДЕО)