Македонскиот амбасадор во Клаипеда со поддршка за кошаркарите!

104

СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација за неполн еден час ќе го стартува дуелот со Литванија во рамките на 4-то квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2025 година.

Нашите момци од трибините ќе имаат поддршка од Амбасадорот на Македонија во Полска, Јамин Кахил. Тој специјално допатува од Варшава каде што е неговото седиште за оваа средба. Кахил е амбасадор на Македонија и во Полска и во Литванија.

Кахил имаше кратка средба со претседателот, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и останатото раководство на кошаркарската федерација.

Во неформален разговор со македонските новинари во Клаипеда ни откри дека е голем љубител на спортот и постојано ги поддржува сите национални тимови кои гостуваат во овие две земји. Тој е во постојан контакт со фудбалерите кои играат во полскиот шампионат како Чурлинов, Костадинов и Атанасов.

ПретходноФиорентина со триумф кај Комо, Торино и Монца ги поделија бодовите
СледноПолувреме во Битола: Флорент Рамадани стрелец, Шкендија со водство!