Машике и Додев за лидерска „поделба“ на Гостивар и Силекс (ВИДЕО)

215

Петнаесеттото коло од домашниот ПМФЛ шампионат штотуку го имаше својот епилог ако се изземе дуелот во Битола кој се игра од 17:00 часот, а се среќаваат Пелистер и Шкендија.

На лидерската позиција по ова коло ги имаме екипите на Гостивар и Силекс. Гостиварчани кој есенва мечевите ги играат на „Борис Трајковски“ цели 84. минути чекаа на водство, за да ги „спаси“ резервистот Машике. Тој и избега на гостинската одбрана изби сам пред голот на Тиквеш и рутински реализираше за конечни 1:0.

На Чаир пак, симултанка на Дарко Додев. Двоен стрелец беше крилниот напаѓач за тимот на Силекс во победата на Кратовци против Шкупи. Уште во првиот дел на два пати Додев продре по левата страна и донесе водство кое значеше и победа подоцна.

Вардар втор меч по ред е непоразен

Тимот на Вардар конечни „врза“ позитивна серија. По победата над Шкупи минатото коло, сега дојде и ремито во Охрид против Воска. Мечот заврши без голови, а и двата тима имаа шанси да дојдат до трите бода.

Работнички губеше па ја „размонтира“ Бeса

На Арената пак Тодор Проески, тимот на Работнички дојде до уште еден триумф. Конечните 4:1 пристигнаа по гостинската предност преку Ракипи, за да подоцна преку Рашид и двојниот стрелец Регба во второто полувреме домаќините дојдат до конечен триумф.

Брера исто така дојде до позитива на домашен терен со ремито од 1:1 против Струга ТЛ. Тодоровски го донесе домаќинот во водство од 1:0, а гостите израмнија преку Угба.

Табела: Гостивар 30, Силекс 30, Работнички 28, Шкендија 27, Струга 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 10

ПретходноЕмоции: Чоло на сред интервју заплака и си замина! (ВИДЕО)
СледноВасоски: Заслужена победа на Силекс