Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Ќе бидам добар за два дена

132

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар против Литванија, но за жал истиот не го доигра до самиот крај. Поради повреда во 35-та минута мораше да го напушти терено, до овој момент имаше 43 поени.

Според првичните информации повредата не е сериозна, но истата не дозволи да се врати на теренот. Литванија максимално го искористи овој момент и направи за кратко време разлика. Лекарскиот тим во нашата селекција потврди дека тој ќе може да се врати на терените за кусо време, а тоа го потврди и самиот Нено.

Сепак, Македонија има шанси да се пласира на Европското првенство и покрај поразот, во последните два квалификациски меча мора да ја победи Естонија над пет поени разлика на гостински терен, а потоа да слави и против Полска.

ПретходноРеал се убедлив триумф на гостувањето кај Леганес (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ: Дадов 43 поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот!