Светски првак четвртипат во низа: Макс покажа кој е кој во Ф1! (ФОТО)

106

Макс Верстапен од Ред Бул е светски првак во Ф1 за сезоната 2024. Иако до крајот на сезоната останаа уште две трки, на досегашниот и новиот светски првак доволно му беше на трката во Лас Вегас да биде петти, да биде пред Ландо Норис и со тоа да стави крај на сите дилеми, ако ги имаше за тоа кој биде шампион.Image

Холанѓанецот влезе во историјата на Ф1, влезе во големото друштво. Секако дека радоста на Верстапен по трката во Лас Вегас беше голема, сепак не се станува светски првак секој ден, иако тој ова го прави четвртипат во низа.

Да кажеме дека Макс во сенка го стави Џорџ Расел кој победи на оваа трка. Возачот не Мерцедес беше одличен, победи пред својот клупски колега Луис Хамилтон. Следува двоецот на Ферари, Саинц и Леклер.

ПретходноИнтер се мисли меѓу Ремиро и Лунин
СледноВардар има што да покаже во Охрид на дуелот со Воска!