Ракометарите на Вардар вечерва му го нанесоа првиот сезонски пораз на Алкалоид во домашното првенство и се израмнија со својот ривал на челното место на табелата. „Црвено-црните“ во својата арена славеа со 29:27, а имаа шанси да дојдат и до победа од три гола разлика, но во последната секунда не успеаја да реализираат удар од седум метри со кој Вардар можеше комплетно да му се реваншира на Алкалоид за поразот во „Автокоманда“ (30:33).
И двата тима одиграа многу мотивиран меч со голема желба за победа. Вардар уште од стартот најави дека ќе оди на двата бода, а Алкалоид постојано беше во брканица да го стигне водството на домашните. Вардар отвори со 3:0, по што следуваше стабилизација на играта на Алкалоид и дури прво водство од 6:7. До полувремето домашните го засилија темпото, искористија неколку грешки на противникот и заминаа со 15:13 на пауза.
Израмнето беше и во текот на второто полувреме. Се играше гол за гол, пред Вардар да направи прва почувствителна предност од 25:22. од овој момент, па до крајот на мечот избраниците на Кире Лазаров не успеаја да ја стопат разликата.
Со седум постигнати гола Горига беше најефикасен кај Вардар, додека на спротивната страна Марко Митев имаше пет погодоци.