Дарио Ивановски го освои третото место на Белградскиот полумаратон

41

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска го освои третото место во силна конкуренција на 5. издание на белградскиот полумаратон. Ивановски беше еден од околу 5000 натпреварувачи кои се појавија низ улиците на Белград на денешната трка на 21 километар, а имаше такви кои трчаа и на двојно покусата патека, 10 километри.

Ивановски оствари време од 1:06:15 часа и остана зад победникот Елзан Бибиќ од Србија (1:02:49) и Кениецот Наибои (1:04:24). За Ивановски ова беше последна трка оваа година, откако го имаше и историскиот настап на ЛОИ во Париз.

ПретходноУште во јануари: Реал го враќа Каземиро?!
СледноПМФЛ: Шкендија го реши Пелистер, трите бода заминаа за Тетово! (ВИДЕО)