СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева
Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да приреди ново чудо на литванска територија, како пред 13 години. Македонија беше рамноправна се додека на теренот го имаше Ненад Димитријевиќ, кој пред 35. минута се повреди и на теренот буквално се промени се. Репрезентативниот плејмејкер до овој момент имаше 43 поени, а Литванија го искористи неговото отсуство и последниот период го доби со 30-10 за убедлива победа од 94-72.
За Македонија ова е трет пораз, но истиот не значи дека шансите за пласман на Европското првенство се загубени, напротив на нашите кошаркари им остануваат уште два меча, против Естонија на гости каде што мора да слават над поени разлика и против Полска дома, исто меч кој мора да го добијат.