Медиумите во Шпанија пренесуваат дека ако не била победата на Реал Мадрид над Осасуна (4:0), Карло Анчелоти ќе добиел отказ по тие срамни игри и резултати од Барса (0:4) и Милан (1:3) на свој терен.
Имено првиот човек на “кралевите“ Флорентино Перез веќе имал намера да му врачи отказ на Дон Карло, уште повеќе е тоа дека тој имал и договор со Сантијаго Солари, кој е некогашен играч и тренер на Реал, токму тој да седне на клупата на тимот од Мадрид до крајот на сезоната.
Но за среќа на Дон Карло, сепак тоа не се случило, но не значи дека ако Реал не почне да победува и тоа убедливо, и тоа со квалитетна игра, дека тоа нема да се случи во наредниот период.