Крајно емотивен настап имаше Диего Чоло Симеоне, стратегот на Атлетико Мадрид, веднаш по вчерашната победа над Алавес и тоа по пресврт и тоа со 2:1. Ова за него беше 700-тиот меч како тренер на “јорганџиите“ и 300-та победа во Ла Лига со Атлетико. Уште повеќе играч на мечот беше неговиот син Џулиано, и кога по се ова Аргентинецот даваше интервју тој се расплака и не можеше да го продолжи истото, и си замина.
Ова се чисти емоции.
Инаку Чоло е тренер на Атлетико Мадрид од 2011 година. Тој во овој изминат период на “јорганџиите“ им донесе две титули во Ла Лига и имаше две финалиња во Лигата на Шампионите.
SIMEONE SE EMOCIONA EN #DAZN HABLANDO DE SU FUTURO pic.twitter.com/x7nS544sbw
— DAZN España (@DAZN_ES) November 23, 2024