На “Етихад“ одржан кризен состанок, еве што е одлучено!

180

По оние 0:4 од Тотенхем, инаку вкупно петти пораз во серија, вчера веднаш по мечот се одржал итен и кризен состанок на челниците на Манчестер Сити. Јасно е дека не станало збор за евентуален отказ за Пеп Гвардиола ако се знае дека тој пред два дена потпиша нов двогодишен договор.

Одлучено е на новиот спортски директор Хуго Виана да му се дадат во целост одврзани раце и тој во консултација со Пеп Гвардиола да донесе најмалку 2-3 екстра квалитетни играчи. Приоритет е напаѓач, посебно ако се знае дека Ерлинг Халанд не може се сам, но и дека по заминувањето на Хулиан Алварез во Атлетико Мадрид, “граѓаните“ немаат друг напаѓач освен Халанд.

Исто така кажано му е на новиот спортски директор да не мисли на парите, колку што ќе треба за кавлитетни засилувања толку пари ќе има на располагање.

ПретходноГрадот е различен, но спомените се исти: Можеме ли до ново чудо?
СледноАлтипармаковски: Пелистер со помош на публиката може да дојде до поволен резултат против Шкендија!