Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар против Литванија, но за жал истиот не го доигра до самиот крај. Поради повреда во 35-та минута мораше да го напушти терено, до овој момент имаше 43 поени.
Според првичните информации повредата не е сериозна, но истата не дозволи да се врати на теренот. Литванија максимално го искористи овој момент и направи за кратко време разлика. Лекарскиот тим во нашата селекција потврди дека тој ќе може да се врати на терените за кусо време, а тоа го потврди и самиот Нено.
Сепак, Македонија има шанси да се пласира на Европското првенство и покрај поразот, во последните два квалификациски меча мора да ја победи Естонија над пет поени разлика на гостински терен, а потоа да слави и против Полска.