Кошаркарската репрезентација на Полска и го нанесе првиот пораз на Естонија во квалификациската група „Х“ за пласман на Евробаскетот 2025 и ни направи услуга да останеме се уште во трка за место на завршницата на континенталното натпреварување.
Вечерва во „Унибет Арената“ во талин, Полска обезбеди победа од 86:88 што за нив беше само прва победа во овие квалификации, по трите стартни порази. Тоа значи дека и со пораз во Литванија вечерва, нашите кошаркари се уште ќе имаат шанси против Естонија на гости да се борат за подобар меѓусебен скор, но ќе ни треба и домашна победа над Полска.
Сепак, Македонија нема да се предаде ниту на мечот во Клаипеда вечерва.