Заврши првото полувреме во Битола, а Шкендија со голот на Флорент Рамадани во 36.минута има водство на гостувањето кај Пелистер. Ова е последниот меч од 15.коло.
Борбена игра, без многу шанси, тактичко надмудрување, а Шкендија беше подобра токму за тој еден гол.
Инаку да кажеме дека во 32.минута поради повреда теренот го напушти Фитон Адеми, место него влезе Бесарт Ибраими.
Пелистер во 39.минута имаше повеќе од зицер, Талевски се најде сам пред гостинскиот голман, но во последен момент не успеа да шутне и да го израмни резултатот.
Претходно и Гроздановски се закани во таа 29.минута, но неговиот шут со глава беше за малку непрецизен.
Шкендија постигна уште еден гол и тоа преку Цаке, но истиот беше поништен, тетовци жестоко реагираа, но судијата Пилешков остана на својата одлука.