СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева
Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме во Клаипеда има водство од три поени 43-46. Ненад Димитријевиќ има 28 поени повеќе од половината на нашиот тим. Со него во составот, Македонија е полетна, играме онака како што посакуваме за продолжување на европскиот сон, кој сега е достижен бидејќи Естонија изгуби од Полска.
Литванија тргна агресивно и грубо во одбраната, но нашите кошаркари беа подготвени на ваква игра, плус со Ненад Димитријевиќ на теренот личевме на друга репрезентација, беше вистинско олеснување за сите, а за тоа говорат неговите 18 поени од вкупноте 27 за Македонија во првата четвртина.
Добрата игра и во одбрана, и во напад донесе серија од 8-0 (пет поени на Нено и три на Стојан Ѓуроски), а Македонија поведе со 6-11 во петтата минута. Нашите кошаркари не застанаа тука, повторно под диригентската палка на Димитријевиќ и негови нови четири поени во низа, поведоа со 17-23 во осмата минута, беше и 19-25 и 21-27. По првата четвртина резултатот беше 23-27.
Литванија на стартот на вториот период со пет поени во низа го врати водството (28-27), Јончевски повика тајм-аут. Истиот вроди плод зошто Македонија одигра одлични минути без Димитријевиќ на теренот кој мораше да одмори бидејќи целиот товар беше врз него. Со серија од шест поени (4 на Стајиќ и два на Крстевски) во 14-та минута на семафорот стоеја 30-36. „Црвено-жолтите“ не искористивме неколку напади, па на другата страна домаќинот дојде на минус еден 35-36. Нено врати со четири поени во низа за 35-40, но Литванија повторно изедначи (40-40). Но, тука беше Димитријевиќ кој решеташе, имаше одговор за секоја игра на противникот зголеми на 40-43, па на 41-46. На одморот резултатот е 43-46.