Полувреме ПМФЛ: Работнички израмни по водството на Беса, Додев го „растура“ Шкупи

307

Денеска од 13:00 часот стартуваше новото, 15. коло од ПМФЛ Шампионатот, а на полувреме има само неколку постигнати голови.

Шкупи не ја користи домашмата предност против Силекс, напротив Дарко Додев со два прекрасни гола им носи предност на Кратовци од 0:2.

Од друга страна тимот на Беса имаше предност од 0:1 на Арената Тодор Проески во Скопје, преку голот на Ракипи, а еден од најдобрите играчи на Работнички сезонава Рашид израмни на 1:1.

Вардар во Охрид против Воска имаше ситуација преку Омерагиќ за поведе, но голманот Китановски одлично интервенира, како и Гачевски на другата страна кој го „скина“ зицерот на Ларсон во ситуација „еден на еден“.Покрај овој меч, зазега без голови се и дуелите, Брера Струга ТЛ односно Гостивар – Тиквеш.

 

ПретходноЈончевски: Верувам дека е можно чудо, ние сите се надеваме дека можеме да изненадиме!
СледноДон Карло се спасил од отказ, Реал веќе имал договор со новиот тренер!