Јончевски: Имавме само четири скока што е катастрофално за еден ваков меч!

92

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша третиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година, откако на гостувањето кај Литванија беше поразена со 94-72.

Македонија играше добро додека Ненад Димитријевиќ беше на теренот, по повредата слика се промени.

Александар Јончевски после мечот замери на скоквите од страна на високите играчи.

„Дадовме се од себе, покажавме карактер, начинот на кој игравме три четвртини ме направи горд на мојот тим… Иако овој натпревар заврши со поголема разлика од претходниот, покажавме поквалиететна игра, одговоривме на нивниот притисок и  три четвртини одлично им париравме . Она што можам да го заклучам од двата меча е дека ни фали игра под кошевите, ни фалат тие ситуации кога треба да го затвориме рекетот и да ги земеме промашените шутеви,но и со офанзивен скок да стигнеме до поени од втора шанса. Денеска имавме вкупно четири скока од високите играчи, што е катастрофално за еден ваков натпревар“, изјави Јончевски.

Македонија последните два квалификациски меча ги игра во февруари против Естонија на гости и Полска на домашен терен. Победа на двата, особено над Естонија со над поени разлика ќе значи пласман на Европското првенство.

ПретходноВардар ја запре победничката серија на Алкалоид и се израмни на врвот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноИталија ја одбрани титулата во Дејвис Купот