Барселона без Јамал и во ЛШ против Брест

38

Ламин Јамал нема да игра ниту во вторник на мечот од Лигата на шампионите против екипата на Брест. Крилниот напаѓач се опоравува од повредата на скочниот зглоб и не е во состојба да се врати на терените.

Јамал го пропушти вчерашниот натпревар на Барселона против Селта Виго (2:2) во Ла Лига, а од клубот потврдија дека нема да сметаат на него ниту на мечот задутре во ЛШ.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека 17-годишниот фудбалер се уште чувствува непријатност, па лекарите го советувале да одмори уште најмалку 3-4 дена.

ПретходноАтлетик Билбао со победа во големото баскијско дерби