Силекс заработи, голема, огромна победа на гостински терен денеска. Одлична претстава на избраниците на Александар Васоски на Чаир каде го совладаа Шкупи со 0:2 со головите на Дарко Додев. Прекрасно одигран меч, крунисан со победа и три бода кои го ставаат Силекс на самиот врв на табелата, на делба на првото место со Гостивар.
„Заслужена победа на Силекс. На Чаир, на најжешкиот терен во ПМФЛ фудбалот. Одигравме доста квалитетно, имавме и ситуации за трет гол. Но, тоа што се договоривме пред меч го исполнивме. Првите петнаесет минути, оние критичните, кога Шкупи ќе тргне, да го неутрализираме. Тоа и се оствари. Сепак, нема ниту момент време за славење, во среда не чека мечот со Воска на домашен терен. Уште еден теѓок испит, кој мора да го положиме за да стигнеме кон она што се стремиме. Кон самиот врв на табелата“ – изјави за Спортспорт по мечо, тренерот на Силекс, Александар Васоски.