Украинскиот голман од екипата на Реал Мадрид, Андриј Лунин може да се пресели во Интер. Веста ја објавија и повеќе италијански медиуми.
25-годишниот голман е на трансфер листата на миланскиот клуб, кој бара потенцијална замена за Јан Зомер, кој во декември ќе наполни 36 години.
Голманот на Реал Сосиедад Алекс Ремиро е исто така на приоритетната листа на Интер за голманската позиција. Неговиот потпис е поддржан и од актуелниот тренер на италијански шампион Симоне Инзаги, додека Лунин ќе биде втора опција.