Фантастичниот Јокиќ со лекција за Леброн и Лејкерси! (ВИДЕО)

295

Никогаш не е здодевно кога игра Никола Јокиќ, посебно кога игра против една таква величина каква што е Леброн Џејмс. Уште една фантастична партија на Србинот, уште една победа на Денвер и тоа среде Лос Анџелес кај Лејкерси и тоа о 127:102. Едноставно Јокиќ утринава покажа кој е “кралот“ на ЛА, секако дека утринава тоа не беше Леброн Џејмс.

Штета, сепак Јокиќ не дојде до трипл-дабл, му недостигаа уште две асистенции и со тоа ќе го стигнеше Меџик Џонсон на вечната листа. Тоа ќе беше перфекција, но има време за Јокиќ и тоа ќе го направи.

На крајот најдобриот кошаркар во светот застана на 34 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Леброн Џејмс заврши со 18 поени а Ентони Дејвис со 14.

На останатите мечеви од утринската програма се постигнаа овие резултати:

Јута – Њујорк 121:106, Орландо – Детроит 111:100, Чикаго – Мемфис 131:142, Хјустон – Портланд 98:104, Милвоки – Шарлот 125: 119, Сан Антонио – Голден Стејт 104:94.

Да кажеме дека Ламело Бол успеа да запише 50 поени, но и тоа не му беше доволно на Шарлот да го победи Милвоки.

ПретходноМајсторија на Ди Марија: Гол со “ножички“ на Аргентинецот! (ВИДЕО)
СледноИнтер се мисли меѓу Ремиро и Лунин