Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне конечно даде некои информации во врска со тоа дали и следната сезона ќе го носи дресот на „граѓаните“. Евидентно е дека Манчестер Сити без Де Брујне не игра на истото ниво, а тоа го докажува и неверојатната низа од 5 последователни порази на сините од Манчестер.
„Дали ќе останам во клубот? Искрено сеуште не знам. На почетокот од оваа сезона бев свесен дека ќе има преговори со клубот, но потоа се случи таа повреда против Брентфорд и се тргнав на страна. Не сум премногу загрижен, сакам само да го играм најдобриот фудбал а за мојата иднина тука ќе видиме. Единствено нешто што можам да го кажам во овој момент е дека ако нема преговори, ќе бидам приморан да барам нов клуб“ изјави белгијанецот.
Договорот на Де Брујне истекува на почетокот на следната сезона. Белгијанецот неодамна се врати од повредата на терените и го играше натпреварот против Тотенхем во Премиер Лигата.