И дефинитивно модерниот фудбал оди во таква крајност што навистина е неверојатно. Имено ако некои играчи се плаќаат и по 100 или 200 милиони евра годишно, тоа значи дека се има приходи, па никој не е луд да дава толку пари ако ги нема на сметка или ако нема шанси да ги заработи. Јасно е дека фудбалерите енормно заработуваат, но исто така и клубовите, спонзорите, газдите и тоа како заработуваат.
Велиме крајност зошто се случуваат навистина некои неверојатни раборти.
Тоа е примерот со Нејмар во времето кога играше за ПСЖ а познато е дека за 222 милиони евра, тој трансфер сеуште е рекорден, се пресели од Барселона во Париз.
Имено Нејмар заработувал по 200.000 евра плус од договорот, тоа е еден вид бонус, само затоа што по мечот одел кај фановите на ПСЖ и ги поздравувал.
Шокантно, но и вистинито. Да заработиш 200.000 евра за неколку секунди со тоа што ќе ги поздравиш фановите на својот клуб?
Тоа го има само во фудбалот, во ПСЖ!