Пред неколку денови на Островот се пишуваше дека Џошуа Зиркзе не е најсреќен во Манчестер Јунајтед и дека по само шест месеци сала да се врати во Италија. Холанѓанецот побарал од својот менаџер по секоја цена да го “ослободи“ од обврските во гигантот од “Олд Трафорд“. Се пренесе вест и дека за него силно бил заинтересиран Јувентус, што не е изненадување ако се знае дека сегашниот тренер на Јуве, Тиаго Мота му беше тренер во Болоња во минатата сезона во Серија А.
Најново е тоа што сега Астон Вила се вклучува во трката за Зиркзе и тоа со конкретна понуда која изнесува 36 милиони евра.
Секако дека се зависи од новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим. Тој е човекот кој треба да каже конечно дали го има во плановите Зиркзе или не.