Ливерпул “гази“: Салах и компанија ги пречекуваат Реал и Сити – време е за одмазда!

371

Вистински погодок беше ангажманот на Арне Слот за тренер на Ливерпуп. Јирген Клоп сега е само далечно минато. “’Редси“ со Слот на клупата имаат +8 бода пред Сити во Премиер-лигата и се максималлни во Лигата на Шампионите.

Но оваа недела ќе биде пеколна за Салах и компанија. Имено во среда на “Енфилд“ доаѓа Реал Мадрид во меч од 5.коло во ЛШ, а викендот исто на “Енфилд“ доаѓа Сити.

Има ли поповолен момент за одмазда. Да се потсетиме. Ливерпул во 2018 и 2022 беше поразен од Реал Мадрид во двете финалиња во ЛШ, а не треба да се трошат зборови за тоа какво е ривалството со Сити. Ако ‘Редси“ успее да го победи својот архи ривал кој игра очајно ќе дојде на +11 бода и со тоа веројатно уште сега ќе дојде на чекор до титулата, иако јасно е дека за такво нешто сега е рано да се говори.

Значи време е за одмазда.

ПретходноШок во Мадрид, без Винициус против Ливерпул во ЛШ
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 15.КОЛО: Додев блескаше на Чаир