Ноќеска се одиграа повеќе натпревари во НБА. Најинтересно, па и лудо, беше на Флорида каде Мајами по продолженија успеа да го победи Далас и тоа со 123:118. Треба да се каже дека гостите настапија без Лука Дончиќ без кого беа немоќни.
Човек на одлука беше Џими Батлер кој одигра одлично токму кога беше најпотребно и беше човек на одлука кога се решаваше победнико во завршницата. Тој заврши со 33 поени, 9 скокови и 6 асистенции.
Интересно беше во Бостон, Минесота покажа заби, но сепак шампионот успеа да слави и тоа благодарение на добриот настап на Џејлен Браун.
Индијана беше подобра од Вашингтон со 115:103.
Филаделфија без Ембид и Џорџ беше понижена од ЛА Клиперс со 125:99. “Брадата“ Харден со 23 поени и 8 асистенции беше на своето ниво.
На останатите два меча Кливленд со 122:108 славеше против Торонто, а Бруклин го победи Сакраменто со 108:103.