Дарко Додев блескаше на Чаир и е најзаслужен за победата на Силекс со 0:2 среде Чаир. На теренот каде секогаш тешко се победува, а посебно вчера кога беше роденден на “Шверцерите“ и кога во ложата беше новиот газда на Шкупи. Силекс беше одличен, ама офанзивецот Додев беше фантастичен и затоа според “СпортСпорт“ е играч на колото. Од Силекс во тимот на колото се и Шуберт и Маронг. Останатите се Диковски и Тодоровски (Брера), Рашид и Регба (Работнички), Укпа (Струга ТЛ), Ф. Рамадани и Цаке (Шкендија), Машике (Гостивар).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ДАРКО ДОДЕВ
Тим: Силекс
Роден: 16.01.1998
Кариера: Металург, Силекс, Тиквеш, Брегалница, Влазнија, Силекс