Рубен Аморим немаше деби за паметење на клупата на Манчестер Јунајтед, напротив. Гигантот од “Одл Трафорд“ на гостувањето кај Ипсвич одигра само 1:1, а и со играта не воодушеви, ако се знае дека домашниот состав имаше шанси и за победа.
Секако дека по мечот Португалецот не беше задоволен, но имаше и објаснување:
“Јасно е дека е потребно време. Знам дека фановите се фрустрирани, но пред нас е период на големи предизвици.Можевме да го победиме Ипсвич, но можевме и да загубиме ако не беше Онана. Имавме само два дена да го воиграме тимот и тоа ни зададе проблеми. Ако го анализирате првото полувреме ќе видите дека по малку имавме и страв, како да бевме збунети. Ќе се обидеме со текот на времето да ги отстраниме слабостите што се евидентни“ истакна Аморим од кого сите во Манчестер Јунајтед имаат големи очекувања.