Лестер започна преговори со Руд ван Нистелрој за позицијата шеф на стручниот штаб.
„Лисиците“ го отпуштија тренерот Стив Купер по 12. коло, а работата веднаш му била понудена на Холанѓанецот, кој беше помошник на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед и го водеше тимот до доаѓањето на Рубен Аморим.
Ван Нистелрој имаше понуда и од второлигашот Ковентри, но ја одби бидејќи сака да работи во клуб од Премиер лигата.