Голманот на Тотенхем, Гилермо Викарио денеска бил опериран поради повредата која ја заработи на дерби натпреварот во саботата.
Тотенхем објави дека првиот голман на тимот се здобил со фрактура на скочниот зглоб. Италијанецот веднаш бил опериран. Викарио се повреди на натпреварот со Манчестер Сити (4:0), но го одигра до крај.
Во тековната сезона во Премиер лигата, тој одигра 12 натпревари и прими 13 гола.