Хрватскиот шампион Динамо (З) влегува во недела на два важни натпревари. Против Борусија Дортмунд во среда (20.45 ч.) „модрите“ ќе играат на Максимир на меч од Лигата на шампионите, а потоа тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми во недела (17.45 ч.) гостува кај Хајдук. На прес-конференцијата пред дуелот со Германците, нашиот интернационалец Ристовски убеден во квалитетите на тимот.
„Дефинитивно ни претстои тежок натпревар. Треба добро да анализираме, да се подготвиме, да ја покажеме вистинската енергија, да пристапиме, се надеваме дека со помош на нашите навивачи. Имаме многу повредени, многу репрезентативци, многу нови играчи, од кои некои можеби не се ни свесни за големината и барањата на овој клуб. Единствениот вистински пат до успехот е навивачите да бидат со нас, верувам и сигурен сум дека имаме квалитетен тим и ќе докажеме дека ги остваруваме нашите цели“, вели Стефан.
На новинарското прашање која победа би ја преферирал, Ристовски одговори: „Ќе победиме и на двата меча“.