Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека ќе остане на својата позиција и во иднина.
„Му благодарам на Атлетико за овие 700 натпревари. И како што реков пред многу години, овој клуб има иднина. Затоа… Да постигнеме повеќе заедно! Ви благодариме засекогаш! Постојано ме прашуваат дали ќе останам. Да, ќе останам. А знаеш зошто останувам? Затоа што овој клуб има иднина, а иднината сме сите ние“, изјави Симеоне.
Симеоне стана првиот тренер во историјата на Ла Лига, кој поминал 700 официјални натпревари на чело на една екипа. Во текот на 700-те натпревари под водство на 54-годишниот стратег Атлетико победи 413 пати, 156 пати одигра нерешено и претрпе 131 пораз.