Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, одговори на критиките кои ги доби лично од првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез на вчерашното собрание на „кралскиот клуб“.
„Претседателот на Реал Мадрид беше многу активен. Мислам дека понекогаш губи контакт со реалноста. Кажа работи кои не се вистинити. Во ситуацијата со измената на правилото за распределба не е се како што рече, како и во ситуацијата со телевизиските права. Со пиратеријата не е се како што кажа. Мислам дека тој нема допир со реалноста и се надевам дека барем она што го кажува за неговиот клуб, чиј навивач сум, е вистина, бидејќи во спротивно ќе бидам загрижен“, изјави Хавиер Тебас.