ТИМ И ИГРАЧ НА 15.КОЛО: Додев блескаше на Чаир

165

Дарко Додев блескаше на Чаир и е најзаслужен за победата на Силекс со 0:2 среде Чаир. На теренот каде секогаш тешко се победува, а посебно вчера кога беше роденден на “Шверцерите“ и кога во ложата беше новиот газда на Шкупи. Силекс беше одличен, ама офанзивецот Додев беше фантастичен и затоа според “СпортСпорт“ е играч на колото. Од Силекс во тимот на колото се и Шуберт и Маронг. Останатите се Диковски и Тодоровски (Брера), Рашид и Регба (Работнички), Укпа (Струга ТЛ), Ф. Рамадани и Цаке (Шкендија), Машике (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ДАРКО ДОДЕВ

Тим: Силекс

Роден: 16.01.1998

Кариера: Металург, Силекс, Тиквеш, Брегалница, Влазнија, Силекс

ПретходноЛиверпул “гази“: Салах и компанија ги пречекуваат Реал и Сити – време е за одмазда!
СледноЖенска репрезентација на Македонија до 19: Квалификациски турнир во Португалија