Македонската репрезентација синоќа во меч од квалификациите за ЕП иако во поголемиот дел од мечот беше одлична, имаше и водство, сепак на крајот во Клаипеда беше поразена од домашната Литванија. “Ѕверска“ партија прикажа Ненад Димитријевиќ, кој за 29 минути, пред да се повреди успеа да постигне 43 поени.
По мечот свој коментар имаше литванскиот репрезентативец Ажоулас Тубелис, кој имаше само комплименти за нашиот најдобар кошаркар:
“Според планот знаевме дека играчот на Армани (Димитријевиќ) ќе постигне многу поени, но нема сам да го добие натпреварот. Дадовме се од себе да го сопреме, но тој е фантастичен, секогаш наоѓаше начин да постигне поени. За жал се попвреди, а ние сепак најдовме слаби точки во нивната одбрана, истите ги искористивме и успеавме да дојдеме до победата“ поосочи Тубелис.