Марјан Ристовски – Швајц и Даниел Миловановиќ не се веќе членови на Брера Струмица. Како што велат нашите информации, раководството на струмичкиот прволигаш одлучило да ги раскине договорите и со двајцата офанзивци.
За причините за ваквиот потег на струмичани знаат само засегнатите страни, а на вчерашниот меч против Струга ТЛ и двајцата ги немаше во записникот.
Инаку и двајцата требаше да бидат едни од клучните играчи на тимот оваа сезона.